Спортинг бара 40 милиони од Атлетико, за да не ги тужат во ФИФА

119

Спортинг Лисабон е подготвен да постигне договор со Атлетико Мадрид и да не дојде до донесување одлука од страна на ФИФА за случајот со трансферот на Желсон Мартинс.

Португалскиот репрезентативец еднострано го раскина својот договор со Спортинг Лисабон, по што потпиша со Атетико Мадрид. „Црвено-белите“ потпишаа со него, иако не успеаја да се разберат со португалскиот клуб за трансферната сума на зделката.

Спортинг Лисабон веднаш поднесе жалба до ФИФА и ќе ја повлече само ако успее да постигне договор со Атлетико Мадрид за трансферната сума на Мартинс.

Од Спортинг Лисабон сакаат да добијат 40 милиони евра за 23-годишниот фудбалер, додека од Атлетико Мадрид во оваа фаза нудат за фудбалерот само 20 милиони евра.

Меѓу двата клуба претстојат преговори следната недела, во која ќе се обидат да постигнат договор за трансферната сума на играчот.