Соиграчите лути на Озил: Се однесува како примадона

1136

Однесувањето на германскиот играч од врска Месут Озил(29) ги налути неговите соиграчи во Арсенал, објавија денеска британските медиуми.

Озил е најплатен фудбалер на Арсенал, со годишна плата од 20 милиони евра, а неговите соиграчи тврдат дека се однесува како примадона, односно ги одбира натпреварите на кои ќе настапи. Ги пропушти последните пет превенствени натпревари, односно вкупно десет оваа сезона, жалејќи се на повреди.

Индикативно е и однесувањето на Озил во последните две недели. Во првиот полуфинален натпревар на Лига Европа, на 26 април во Лондон, ги одигра сите 90 минути против Атлетико Мадрид, а три дена подоцна заради повреда на грбот не играше против Манчестер Јунајтед.

Во реваншот на полуфиналето на Лига Европа повторно играше цел натпревар, а три дена подоцна повторно се жалеше на повреда и не настапи во домашното првенство против Барнли.