Сколс: Јунајтед нема шанси за титулата

162

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс смета дека и оваа сезона тимот од „Олд Трафорд“ нема да биде во конкуренција за највисок пласман.

Според Сколс, Манчестер Сити и Ливерпул имаа многу поквалитетни состави и ќе го водат главниот збор во борбата за трофејот.

– Кога ќе се погледнат составите на Манчестер Сити и на Ливерпул, мислам дека Јунајтед нема што да бара во трката за титулата – изјави Сколс за Би-Би-Си.

Тој додаде дека Ливерпул во трансфер периодот донесе многу квалитетни играчи, а дека Јунајтед тешко ќе му се приближи и на актуелниот шампион Манчестер Сити.

– Се надевам дека грешам, но овој тим на Манчестер Јунајтед не може да конкурира за шампионскиот трофеј – потенцира Сколс.