„Сите играчи во Премиер-лигата ќе играат своја улога и ќе издвојат значителни средства во овие тешки времиња“

47

Здружението на професионални фудбалери (ПФА) на Англија на предлозите од Премиер-лигата за намалување на нивните плати за 30 отсто одговори дека би биле „штетни за националниот здравствен систем“. ПФА ја повика Лигата да го зголеми својот влог од 20 милиони фунти (22,7 милиони евра) наменети за добротворни цели. Од Владата соопштија дека се „загрижени“ од, како што ја нарекоа, „внатрешната битка“.

Лигата сака на играчите да им ги намали платите од 30 отсто за да се заштитат работните места на нефудбалските работници во клубовите, во услови на пандемија на коронавирусот. Од ПФА, пак, одговараат дека тоа кратење, кое би достигнало сума од околу 500 милиони фунти (568 милиони евра), би значело и 200 милиони фунти помалку во државната каса на име даноци.

Здружението на професионални фудбалери соопшти дека сите играчи во Премиер-лигата „ќе играат своја улога и ќе издвојат значителни финансиски средства во овие тешки времиња“.