Симеоне: Реал и Атлетико се на приближно ниво по заминувањето на Роналдо

20

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, верува дека неговиот тим е речиси на исто ниво со Реал. Според него, тимовите се израмнети откако Кристијано Роналдо го напушти Реал.

– Кога Роналдо замина, ние се доближивме до Реал. Секогаш се стремиме кон победи. Уверен сум дека сме претенденти за шампионскиот трофеј. Дури и кога бевме трети ние се боревме до крај – изјави Симеоне.

Атлетико немаше многу добар старт во Ла Лига. Тимот предводен од Симеоне по три рунди има една победа, еден нерешен исход и еден пораз.

На врвот се Барселона и Реал Мадрид со максимални три победи.