Симеоне може да заработи суспензија од три меча

540

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне може да добие казна од три натпревари поради своето однесување за време на првиот полуфинален меч од Лига Европа против Арсенал во Лондон, кој заврши 1:1.

Аргентинецот буквално полуде од критериумите на судијата Клеман Турпен. Во 10-тата минута Французинот го избрка Шиме Вршаљко со втор жолт картон поради фаул против фудбалерот на Арсенал. Во 13-тата минута, Ектор Белерин направи сличен прекршок против играч на Атлетико, но Турпен не го санкционираше.

Ова го предизвика гневот на Симеоне, кој беше избркан на трибините. Тој автоматски го пропушта реваншот на 3 мај, но ако судијата ги внесе во извештајот за натпреварот навредите изречени од Симеоне на негова адреса, тогаш санкцијата на Аргентинецот може да стигне до три натпревари, прогнозира „Марка“.