Се намалува бројот на навивачите

123

Главниот град на Русија, Москва, како и остатокот на Русија, изминативе денови и недели беа преплавени од фудбалски навивачи од целиот свет, се разбира како резултат на Светското фудбалско првенство (СП), кое е во тек. Улиците и кафеаните на Москва изминатите денови беа исполнети со навивачи (особено тоа се однесува на популарниот „Црвен плоштад“), но сега таму состојбата е малку поинаква. Колумбиските навивачи, кои патем го сочинуваа поголемиот дел од туристите, по елиминацијата на нивната фудбалска репрезентација си заминаа кон своите домови, иако Русите сакаа тие да останат уште некој ден, а нивната репрезентација да ја исфрли Англија од понатамошниот настап, за да има рускиот туризам дополнителна финансиска добивка.

Но тоа, сепак, не се случи. Од јужноамериканските навивачи во Русија останаа Бразилците, чија селекција и понатаму е во игра за победничкиот трофеј и Уругвајците, кои исто така уште се во игра, но нивните навивачи и не се во многу голем број како што беа колумбиските или, пак, аргентинските.
Има и навивачи што останаа во Русија без разлика на елиминацијата на нивните репрезентации, како што се Мексиканците, кои и сега се многубројни. Од другите навивачи и понатаму се присутни Кинезите и Арапите.