Севилја атакува на нов трофеј во Лига Европа

39
Момент од мечот Севилја - Рома

За прво европско четврт-финале по 48 години се избори Вулверхемптон, кој го одигра 59-от меч сезонава што за нив започна на 25 јули 2019

Петкратниот победник Севилја е на пат кон освојување нов трофеј во Лига Европа (ЛЕ) откако ја елиминира Рома (2-0) во осминафиналето, во одложениот меч од март што се одигра на нeутрален терен во Дуисбург. Следен ривал на Севилја во четврт-финалето во вторник ќе ѝ биде Вулверхемптон. За Севилја ова е прв пласман меѓу најдобрите осум екипи во ЛЕ по 2016-та кога последен пат триумфира, вкупно четврти пат. Секогаш кога стигнувала до четврт-финалето Севилја го освојувала трофејот, во 2014, 2013 и 2016 година!

За прво европско четврт-финале по 48 години се избори Вулверхемптон со победата над Олимпијакос со 1-0. Стрелец на победоносниот гол за „волците“, кои го одиграа 59-от меч сезонава што за нив започна на 25 јули 2019-та, беше Мексиканецот Раул Хименез, 27. за него во сите конкуренции, плус 10 асистенции.

Завршниот фајналејт-турнир ќе се одржи во четири германски градови, Гелзенкирхен, Дуисбург, Диселдорф и во Келн од 10 до 21 август. Натпреварите ќе се играат зад затворени врати, буз публика, со строги медицински и безбедносни протоколи.