Сари: Не се занимавам со тоа кој ќе дојде во тимот, се фокусирам на натпреварите

141

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, рече дека не е запознаен за напредок во преговорите со Гонзало Игуаин. Италијанецот изјави дека е фокусиран на натпреварите на тимот, а не на тоа кој ќе дојде во тимот.

– Разговарав со директорот Марина Грановскаја пред две недели и таа го знае моето мислење за тоа како треба да го подобриме тимот. Тогаш решив целосно да се фокусирам на перформансите на тимот на теренот, во мечевите и во тренинг-процесот. Јас сум мирен, бидејќи знам дека Марина работи многу напорно, но не знам ништо за нашите потези на трансфер пазарот, бидејќи сакам да се фокусирам на натпреварите на тимот – изјави Италијанецот.

Тој потоа зборуваше за Алваро Мората, како и за евентуалниот трансфер на Хадсон-Одои.

– Ова е многу тежок период за Мората, но нормално е кога еден играч е на трансфер пазарот во јануари. Алваро е на располагање за натпреварот против Арсенал. Не знам дали ова ќе биде неговиот последен натпревар. Не сакам да разговарам со Хадсон-Одои за нешто, за кое не можам да најдам решение. Многу сум среќен со неговата изведба. Во последниот месец работиме многу добро со него. Тој ја разви и ја подобри својата игра – рече уште Маурицио Сари.