Сампаоли: Меси ќе биде „застрелан“ ако не го освои СП

157

Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли смета дека Лионел Меси е под голем психолошки притисок пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Во изминатите неколку дена многу поранешни играчи истакнаа дека Меси не може да се смета за најдобар играч во историјата, бидејќи се уште нема трофеи со селекцијата на Аргентина.

Годинешниот Мундијал е можеби последна шанса фудбалерот на Барселона да ја однесе својата земја во титулата. Поради оваа причина, Сампаоли во својата книга, која ќе биде објавена во април, објасни под каков притисокот е Меси.

– Лео има револвер на главата, наречен Светско првенство, и ако не победи, ќе биде застрелан и како резултат на тоа, тој не може да ужива во неговиот талент. Целата приказна за неговите настапи во националниот тим многу му штети – напиша селекторот на Аргентина.

За потсетување, на последното Светско првенство во Бразил во 2014 година, Аргентинците ја загубија титулата по поразот во финалето од Германија по продолженија.