Само 15 промени на листата на ФИФА, Македонија остана на 68. место

39

Македонската репрезентација е меѓу 97-те селекции во првите 100 што не го сменија пласманот на февруарската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), во однос на минатото, декемвриско рангирање. Црвено-жолтите останаа на 68-то место.

Малите измени се поради малиот број одиграни мечеви, само 15 пријателски, во овој период, па на врвот остана Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина, Колумбија… Нема промени меѓу првите 20 селекции, а меѓу најдобрите 50 само Велс и Парагвај паднаа за по едно место (Велс е на 23-то, Парагвај на 41-то), а напредна Гана, за една позиција (46-та). Вкупно, само 15 селекции го сменија пласманот во однос на декември.
Следното рангирање на ФИФА е предвидено за 9 април, по одигрувањето на плејофот на Лигата на нациите, за пласман на Европското првенство годинава.