Само еден Англичанец во англиското финале на ЛЕ во Баку

149

Трофејот од Лигата на Европа оваа сезона сигурно завршува во Лондон. Прашање е само дали во витрините на Арсенал или на Челси. Двете екипи имаат можност вредниот пехар по вторпат да го имаат во своја полза.

Челси во сезоната 2012/2013 триумфираше во Лига Европа, додека „топчиите“ се радуваа на трофејот во 1994 година, кога истото натпреварување, второ по квалитет во Европа се нарекуваше Куп УЕФА.

„Сините“ не знаат за пораз на последните 14 меча и тоа им е најголемиот адут, додека Арсенал го имаат тренерот Емери кој со Севилја трипати триумфираше во натпреварувањето.

Арсенал има и мотив повеќе да триумфира затоа што преку Премиер-лигата не успеа да избори место во Лигата на шампионите идната сезона.

Мечот ќе го суди Џанлука Роки од Италија.

Интересно е што иако двата тима се од Англија, на почетокот на вечерашното финале во Баку на теренот од сите 22 играчи, само еден е Англичанец. Тоа е Инсли Митланд – Нилс, играчот на Арсенал.