Сагата заврши, Олмо е играч на Лајпциг

63

Лајпциг го официјализираа трансферот на повремениот шпански репрезентативец Дани Олмо. Шпанецот со моментниот лидер во Бундеслигата потпишал договор до јуни 2024 година.

Динамо Загреб како обесштетување ќе добие 20 милиони евра плус одредени бонуси.

Олмо во Загреб пристигна во 2014 година од Барселона. Тој е најзаслужен што Динамо сезонава играше во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Лајпциг објави дека Олмо в недела ќе го има првиот тренинг со новите соиграчи.