Русија на пенали преку Шпанија до четвртфиналето

114

Домаќинот Русија ја победи Шпанија на пенали во натпревар од осминафиналето на Светското фудбалско првенство и испрати дома уште еден фаворит.

Победникот на „Лужники“ во Москва беше решен по изведувањето на пенали, откако по основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1.

Јунак во победничкиот тим беше голманот Игор Акинфеев кој одбрани голем број удари на Шпанците, а во пенал серијата и шутевите на Коке и Аспас.

Претходно, резултатот го отвори Шпанија со автоголот на Сергеј Игнашевич во 12.минута. До крајот на првото полувреме изедначи Артем Дзјуба од пенал.

Во четвртфиналето Русија ќе игра во сабота на 7 јули во Сочи против победникот од средбата Хрватска – Данска.