Русија воведе безвизен режим за фановите на СП

101

Русија од денеска воведува безвизен режим за сите странски државјани кои ќе дојдат да присуствуваат на фудбалскиот Мундијал.

Заинтересираните навивачи ќе можат да го користат првото на повеќекратен безвизен влез во Русија од 4 јуни до 25 јули кога ќе треба да ја напуштат земјата.

Светското првенство во Русија ќе се одржи во 11 градови на 12 стадиони од 14 јуни до 15 јули.