Руни: Ќе ја завршам фудбалската кариера во САД

63

Англискиот напаѓач Вејн Руни ја отфрли можноста да се врати во Манчестер Јунајтед и објави дека планира својата фудбалска кариера да ја заврши во САД.

Рекордерот по постигнати голови за Англија и „црвените ѓаволи“ доби последна покана за настап за англиската репрезенатција и ќе игра во контролниот меч против САД.
 
– Јас одлучив да одам во САД. Кога донесувам одлуки, се обидувам да ги исполнам. За мене е важно да бидам посветен на Ди Си Јунајтед. Не сум подготвен да се вратам во Премиер Лигата. Ќе ја завршам кариерата во САД, изјави Руни.