Роналдо: Одлуката да се напушти Реал беше лесна

91

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека го оставил зад себе периодот што го поминал во Реал. 33-годишниот се пресели од шпанскиот во италијанскиот клуб ова лето за 117 милиони евра.

– Тоа беше лесна одлука. Она што беше во Мадрид беше неверојатно. Добив сė, моето семејство живееше таму, но овој дел од животот е во моето минато. Сега сум фокусиран на Јувентус – рече Португалецот.

Роналдо играше за Реал од 2009 до 2018 година. Во ова време, тој постигна 450 гола во 438 игри, освои 15 трофеи, вклучувајќи ги и четирите во Лигата на шампионите.

Дебитираше за Јувентус во саботата против Киево, но не постигна гол во триумфот на неговиот тим од 3:2.