Роналдо одби да настапи за Португалија во Лигата на нациите

156

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, нема да настапи за португалската репрезентација на натпреварите против Италија и Хрватска во Лигата на нациите.

Како што објавија италијанските медиуми Роналдо го одбил повикот од националниот тим со образложение дека во моментов сака да се фокусира на неговите клупски обврски.

Летово тој од Реал Мадрид премина во Јувентус, а се уште во дресот на клубот од Торино нема постигнато гол, иако во првите две кола од Серија А упати 14 шутеви кон противничките голови.

Наводно Роналдо паузата од репрезентативните обврски ќе ја искористи за дополнително да напредува, особено што од него се очекува во Торино да донесе титула од Лигата на шампионите.

Португалија ја пречекува Италија на десети септември во Лисабон.