Роналдо како Ибрахимовиќ, Робен, Бомел, Алвес, Бекам, Анри…

100

Португалецот Кристијано Роналдо стана новиот фудбалер со титули во три од најсилните првенства во Европа, откако со Јувентус ја освои својата прва титула во Италија. Тој претходно славеше и во Англија (трипати со Манчестер јунајтед) и во Шпанија (двапати со Реал Мадрид).

Во три од најсилните шампионати во Европа (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија) прваци биле и, на пример, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ (Италија, Шпанија и Франција), Холанѓанецот Арјен Робен (Англија, Шпанија, Германија), неговиот сонародник Марк ван Бомел (Шпанија, Германија, Италија), Бразилецот Дани Алвес (Шпанија, Италија, Франција), Бразилецот Максвел (Италија, Шпанија, Франција), Англичанецот Дејвид Бекам (Англија, Шпанија, Франција), Французинот Тиери Анри (Франција, Англија, Шпанија) итн.