Роналдо казнет со 20.000 евра, ќе игра против Ајакс

114

Кристијано Роналдо ќе игра против Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шапмпиони. УЕФА одлучи да го казни само со 20.000 евра поради своето однесување по натпреварот против Атлетико Мадрид што Јувентус го реши во своја корист 3-0.

Роналдо сакаше да му врати на Диего Симеоне за контроверзното славење откако Аргентинецот исто реагираше по првиот натпревар.

Казната од 20.000 евра за Роналдо е 30 отсто од неговата неделна плата.