Роналдо казнет со еден натпревар неиграње

318

Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо е казнет со еден натпревар неиграње во Лигата на шампионите поради црвениот картон што го заработи во мечот од првото коло против Валенсија.

Роналдо сега ќе го пропушти натпреварот против Јанг Бојс во Торино, но ќе му биде на располагање на тренерот Алегри за обата натпревара против својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед во третото и четвртото коло.