Роналдо добива нов договор и поголема плата во Реал

424

Раководството на Реал Мадрид му соопшти на Кристијано Роналдо дека многу скоро може да очекува нов договор, во кој е предвидено фудбалерот да заработува повеќе.

На Роналдо по минатогодишното финале во Лигата на шампионите му беше ветено дека ќе добие нова понуда од Реал. Генералниот директор на клубот, Хозе Анхел Санчез, истакна дека платата на фудбалерот со новиот договор ќе биде зголемена.

Според гласините, со новиот договор Роналдо би заработувал меѓу 20 и 30 милиони евра годишно, што пак е помалку од платата од 35 милиони евра која Нејмар ја добива во ПСЖ.

Неговиот актуелен договор трае до 2021 година и тоа најверојатно нема да се менува.

Новиот договор најверојатно ќе му биде понуден пред почетокот на Светското првенство во Русија.