Роналдо: Во Јувентус владее вистинска семејна атмосфера

84

Најголемото засилување на Јувентус во летниот преоден рок, португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо е импресиониран од атмосферата која владее во клубот.

– Овде постои една семејна атмосфера. Луѓето се многу љубезни и пријатни. Никогаш нема да го заборавам четвртфиналето кога гостував со Реал и постигнав гол по кој ми аплаудираше целиот стадион. Тоа беше неверојатно чувство. Сега и јас сум дел од оваа хармонија и едвај чекам да почнат натпреварите и да ги направам среќни нашите навивачи, нагласи Роналдо.

33-годишниот Португалец во Јувентус дојде од Реал Мадрид за 104 милиони долари. Тој се обврза на четиригодишна соработка со италијанскиот шампион.

– Главната работа е да се подготвиме. Сакам да бидам во добра форма, да му помогнам на тимот да освоиме многу трофеи. Се надевам дека можам брзо да се адаптирам и да ја започнам сезоната најдобро, потенцира најдобриот светски фудбалер.

На отворањето на новото првенство во Серија А, Јувентус на 18 август гостува во Киево кај Верона.