Ристовски, Илиев, Адеми и Елмас во нокаут-фазата во ЛЕ

58

По одигрувањето на натпреварите од последното, шесто коло во 12-те групи, познати се 24 тима што се пласираа во следната нокаут-рунда. Ним ќе им се придружат и осумте третопласирани екипи по групи во Лигата на шампиони (ЛШ) или вкупно 32

Македонските фудбалски интернационалци Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Елиф Елмас и Дејан Илиев, со своите клубови Спортинг, Динамо Загреб, Фенербахче и Арсенал, обезбедија настап во шеснаесеттинафиналната рунда во Лига Европа (ЛЕ).
По одигрувањето на натпреварите од последното, шесто коло во 12-те групи, познати се 24 тима што се пласираа во следната нокаут-рунда. Ним ќе им се придружат и осумте третопласирани екипи по групи во Лигата на шампиони (ЛШ) или вкупно 32.
Ждрепката е закажана за понеделник во Нион (13 ч). Победниците во 12-те групи, плус четирите третопласирани екипи од ЛШ со најдобар скор ќе бидат во првиот „барабан“, а преостанатите во вториот. Натпреварите ќе се играат на 14 и на 21 февруари, со тоа што тимови од иста група или од иста земја (како и во ЛШ), не ќе можат да играат еден против друг во оваа фаза.

Во нокаут-рундата од ЛЕ се пласираа: Баер Л., Цирих, Ред Бул, Селтик, Зенит, Славија П., Динамо З., Фенербахче, Арсенал, Спортинг, Бетис, Олимпијакос, Вилјареал, Рапид, Ајнтрахт Ф., Лацио, Генк, Малме, Севилја, Краснадор, Динамо К., Рен, Челси и БАТЕ. Од ЛШ, пак, се пласираа : Наполи, Валенсија, Интер, Бенфика, Плзен, Бриж, Шахтар и Галатасарај.