Рекорден дигитален интерес за oва СП

47

Повеќе од 130 милиони луѓе ја посетиле интернет-страницата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и ги користеле апликациите на ФИФА за време на досегашниот тек од Светското првенство во Русија.
Според ФИФА, од почетокот на турнирот над 10 милиони нови навивачи се приклучиле на официјалните платформи на ФИФА на Фејсбук, Инстаграм, Твитер ВКонтакт и Веибо. Згора, апликациите на ФИФА се на врвот во 128 земји. Овој незапаметен раст е дел од генералната стратегија на ФИФА да стигне до што повеќе луѓе во што повеќе земји во светот. Тоа е и резултат на многубројните дигитални иницијативи спроведени пред почетокот на СП 2018 за да се осигури што повеќе навивачи да добиваат информации за случувањата на теренот, но и надвор од него.