Реал е на пат да ја победи конкуренцијата за трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ

275

Шпанскиот гигант Реал Мадрид испратил понуда во вредност од 155 милиони евра до Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди „Кориере дело Спорт“.

Според италијанското издание, агентот на Милинковиќ-Савиќ – поранешниот напаѓач Матеја Кежман, се сретнал со претседателот на италијанскиот клуб Клаудио Лотито и лично му ја доставил понудата.

За талентираниот играч за врска, наводно, заинтересирани се и Манчестер јунајтед и Јувентус.

Дваесет и тригодишниот играч одигра одлична сезона за Лацио во Серија А, постигнувајќи 12 гола на 35 средби. Популарниот „СМС“ настапи и со репрезентацијата на Србија на Мундијалот во Русија.