Рамадани: Покажавме добра игра и борбеност

111

Тренерот на Шкупи, Зекирија Рамадани, и покрај елиминацијата од Глазгов Ренџерс на стартот од квалификациите за Лигата Европа, испрати пофални зборови кон своите играчи за прикажаното.

Тој по натпреварот им честиташе на противниците за пласманот во второто коло, но додаде дека Шкупи на достоинствен начин ги завршува квалификациите.

– Сакам да им честитам на Глазгов Ренџерс за пласманот во следната рунда. Честитки и за моите играчи за борбеноста. Мислам дека покажавме добра игра. Можеби сме елиминирани, но Шкупи стекна искуство со овој настап во Лига Европа- нагласи Рамадани на прес-конференцијата по натпреварот.

Македонскиот клуб по поразот од 0:2 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.