ПСЖ под закана од исклучување од ЛШ

130

Екипата на ПСЖ може да биде исклучена од учество во Лигата на шампионите за кршење на правилата на финансискиот фер-плеј на УЕФА, пишува француски весник „Екип“.

Според изданието, Европската централа ќе продолжи со истрагата на шампионите на Франција, по новите откритија на „Фудбал ликс“.

УЕФА планира да ги преиспита трансферите на Нејмар и Килијан Мбапе на „Парк на принцовите“. Во летото 2016 година, од тимот платија 222 милиони евра за Бразилецот, а Французинот чинеше 180 милиони, откако првата сезона настапуваше како позајмен од Монако.

Ако клубот биде прогласен за виновен, не е исклучено ПСЖ да биде дисквалификуван од учество во Лигата на шампионите во следната сезона. Друга опција е да се продаде еден од двата фудбалери, за да бидат исполнети барањата за финансиски фер-плеј.

Не е тајна дека Реал Мадрид е заинтересиран за двајцата асови на „принцовите“, но се претпоставува дека од „Бернабеу“ претпочитаат да потпишат со светскиот шампион.