ПСЖ сака да го направи Де Хеа најплатен светски голман

52

Давид Де Хеа ќе стане најплатениот фудбалски голман во светот, ако одлучи да премине во ПСЖ во текот на летото. Според „Дејли Мејл“, 28-годишниот Шпанец има намера да потпише договор како слободен фудбалер со богатиот клуб од Франција. Веројатноста дека Манчестер јунајтед ќе го пушти без пари во 2019 година е нереална. Договорот на Де Хеа со „црвените ѓаволи“ истекува следното лето, но постои клаузула која му дозволува на клубот да го продолжи договорот за уште една година.

Голманот во оваа фаза одбива да потпише нов договор. Ако нема развој во преговорите, Јунајтед ќе го продаде летото за околу 75 милиони евра. Клубот, секако, има намера да ја користи клаузулата и да го продолжи договорот до 2020 година.

„Дејли Мејл“ тврди дека ПСЖ подготвил плата од 300.000 фунти неделно за Де Хеа, што значи над 60 милиони евра за четиригодишен договор. Весникот додава дека интересот на Јувентус за него слабеел, а францускиот клуб е фаворит за неговиот потпис.