Премиерлигашите засега против ВАР системот

1478

Англиските премиерлигашки клубови се изјаснија денеска дека се против воведување ВАР технологија од сезоната 2018/2019 година.

На денешното гласање учествуваа сите 20 клубови од Премиер лигата и беа согласни дека би требало да се продолжи со напредно тестирање за користењето на таа технологија и во идната сезона.

ВАР технологијата беше користена оваа сезона во ФА и Лига купот и забележани се проблеми на одделни натпревари што најмногу влијаеше да се стопира одлуката за нејзиното воведување.