По маратонската пенал-серија, Пикфорд на Англија и го донесе третото место во ЛН

22

По здодевните 90 и тешките 30 минути продолженија на натреварот на третото место во Лигата на нациите (ЛН), Англија успеа да ја победи Швајцарија по изведувањето на пеналите. Херој на Англичаните беше голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, кој и самиот погоди во петтата серија, а во шестата успеа да го одбрани ударот на Јосип Дрмиќ и да донесе победа на селекцијата на Герет Саутгејт.

Вечер Холандија ќе игра против Португалија во Порто (20.45 часот), во првото издание на фудбалската ЛН.

Интересно е да се напомене дека шампионот на ЛН ќе заработи шест милиони евра, финалистот 4,5 милиони, третопласираниот 3,5, а селекцијата на четвртото место 2,5 милиони евра. Претходно четирите репрезентации добија по 4,5 милиони евра за учеството и за освојувањето на првите места во своите групи на Лига А, што значи дека првиот првак на ЛН ќе заработи вкупно 10,5 милиони евра.