Почина легендарниот Џеки Чарлтон

238

Легендата на светскиот фудбал, поранешниот играч на Лидс Јунајтед, Џон Чарлтон починал на 10 јули на 85-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Џон во Англија беше познат под прекарот Џеки е брат на сер Боби Чарлтон. Џеки беше член на златната генерација на Англија која во 1966 година ја освои титулата на Светското првенство. Настапил и на Европското првенство во 1968 и на Светското првенство во Мексико две години подоцна.

За „Гордиот Албион“ настапил на 35 натпревари, постигнал шест голови.
Чеки Чарлтон целата своја кариера ја минал во Лидс Јунајтед, одиграл 629 натпревар, постигнал 70 голови. Подоцна работел како тренер во Мидлзброу, Шефилд Венздеј и Њукасл, а од 1986 до 1996 година бил селектор на Република ирска.

Со Лидс Јунајтед бил шампион на Англија. Од 2005 година е член на „Куќата на славните“ во Англија.

Семејството објави дека Џеки Черлтон починал во сон.