Португалскиот компјутерски гениј обвинет во фудбалски скандал

80

Руи Пинто, кој е поврзан со објавувањето на „свиркачкиот“ портал „Футболликс, во Португалија бил обвинет за 147 прекршоци. Пинто бил обвинет за неовластен пристап до податоци, како и за обид за изнуда.

Руи Пинто според португалското обвинителство недозволен начин користел компјутерски програми и дигитални орудија, целта му била да влезе во компјутерските системи каде што немал пристап.

„Компјутерскиот гениј“ како што го нарекувале локалните медиуми рекол дека она што го направил било од јавен интерес и дека не би требало да му биде судено.

„Футболликс“ е објавен во 2015 година со цел да ја открие наводната корупција во фудбалот. Таа година јавно достапни станале милиони документи и повеќе од 3,4 милиони терабајти информации.

Врз основ на информациите на порталот биле покренати истраги против Манчестер сити и Пари Сен Жермен.