Поранешен директор му задава дополнителни проблеми на Милан

189
Марко Фасоне

Италијанскиот фудбалски клуб Милан го очекуваат големи предизвици на почетокот на 2019 година. „Росонерите“ прво ќе се соочат со Сампдорија, а потоа и против Јувентус во финалето на Суперкупот во Италија.

Покрај тешкиот распоред, славниот клуб, се соочува и со финансиски тешкотии.

Поранешниот извршен директор на Милан, Марко Фасоне, побара да добие надомест од 30 милиони евра за негово отпуштање во текот на летото, објави „Ла Република“.