Полуфинале: Италија – Шпанија и Белгија – Франција

78

ФУДБАЛ – ЛИГА НА НАЦИИ

Италија – Шпанија и Белгија – Франција се полуфиналните двојки на завршниот турнир на второто издание на Лигата на нациите (ЛН), чиј домаќин ќе бидат Италијанците, во октомври в година, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА), пренесува „Ројтерс“. Натпреварите треба да се играат во Милано на 6 октомври и во Торино на 7 октомври. Финалето на 10 октомври треба да се игра во Милано, а мечот за третото место во Торино, истиот ден. Италија првпат ќе се соочи со Шпанија на голем турнир откако ја победи во осминафиналето на Европското првенство во 2016 година (беше 2-0). Светскиот првак Франција, пак, ќе го обнови ривалството со Белгија, која ја совлада во полуфиналето на Светското првенство во 2018 година во Русија (со 1-0).