Познат патот кон финалето во Лига Европа

71

ФУДБАЛ

Двата поранешни европски фудбалски прваци што сезонава играат во осминафиналето на Лига Европа (ЛЕ), Манчестер јунајтед и Интер, меѓу себе можат да се сретнат само во финалето на ова натпреварување сезонава, реши ждрепката влечена вчера во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Во ова натпреварување прво треба да се доиграат шест реванши од осминафиналето и уште два меча, кои не се играа воопшто поради пандемијата на коронавирусот, но сега тие два дуела ќе се играат како единечни дуели, на 5 и на 6 август во Германија, каде што потоа ЛЕ ќе се доигра како турнир од четврт-финалето до финалето.

Во Германија е предвидено да се игра во Келн, Диселдорф, Дуизбург и во Гелзенкирхен. Четврт-финалето на програмата е на 10 и на 11 август, полуфиналето на 16 и на 17 август, а финалето на 21 август, во Келн. Сите средби ќе се играат без публика. На мечевите ќе има можност за по пет замени за секој тим на еден натпревар и уште една ако мечот се игра во продолженија.

Од тимовите што играат во осминафиналето победници на ова натпреварување биле Севилја (пет пати, најтрофеен клуб во ЛЕ), Интер (трипати), Ајнтрахт, Баер, Шахтер и Манчестер јунајтед (сите по еднаш).


ОСМИНАФИНАЛЕ
1. Шахтар – Волфсбург (2-1)
2. Базел – Ајнтрахт (3-0)
3. Манчестер ј. – ЛАСК (5-0)
4. Копенхаген – Башакшехир (0-1)
5. Интер – Гетафе (-)
6. Баер – Глазгов Р. (3-1)
7. Вулверхемптон – Олимпијакос (1-1)
8. Севилја – Рома (-)
мечевите се на 5 и на 6 август, во заграда се резултатите од првите средби

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
А. Победник 1 – Победник 2
Б. Победник 3 – Победник 4
В. Победник 5 – Победник 6
Г. Победник 7 – Победник 8
мечевите се на 10 и на 11 август во Германија

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник Г – Победник Б
Победник В – Победник А
мечевите се на 16 и 17 август во Германија