Познати се можните противници на Македонија во новото издание на Лигата на нации

165

Два месеци по завршувањето на ЕУРО 2020 ќе започне новото издание на Лигата на нации. Репрезентацијата на Македонија, во второто издание на најмладото натпреварување на УЕФА ќе се натпреварува во Ц-конкуренцијата.

Ждрепката за Лигата на нации ќе се одржи на 3 март во Амстердам. Македонија, во Ц-конкуренцијата е сместена во вториот шешир, заедно со Косово, Белорусија и Кипар. Овие селекции нема да ик бидат противници на избраниците на Игор Ангеловски.

Шешир 1: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
Шешир 2: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар
Шешир 3. Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
Шешир 4: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија.

УЕФА објави во кој период ќе се играат натпреварите.

1 коло: 3-5 септември 2020
2 коло: 6-8 септември 2020
3 коло: 8-10 октомври 2020
4 коло: 11-13 октомври 2020
5 коло: 12-14 ноември 2020
6 коло 15-17 ноември 2020