Питер Крауч ќе заигра за седми клуб во Премиер-лигата?

145

Напаѓачот на Стоук, Питер Крауч, кој наполни 38 години во средата, треба да се врати во фудбалската Премиер-лига на Англија во дресот на Барнли како дел од договорот со кој Сем Вокс треба да оди во Стоук. Крауч досега има 462 настапи во Премиер-лигата за Тотенхем, Астон вила, Саутемптон, Ливерпул, Портсмут и за Стоук, а постигна 108 гола. Поранешниот репрезентативец на Англија играше за Стоук лани, кога клубот испадна од Премиер-лигата.