Перу не застанува со изненадувањата

121

Фудбалската репрезентација на Перу направи уште едно големо изненадување на Копа Америка, елиминирајќи го бранителот на трофејот Чиле за да се пласира во големото финале, во кое ќе се сретне со домаќинот Бразил. Перу во полуфиналето беше подобар од фаворизираниот Уругвај, на пенали.

Перу по пауза од 44 години повторно ќе се бори за титулата на континенталниот шампионат на Јужна Америка. Последен пат кога Перу играше во финалето, го освои и трофејот, во 1975 година.

До големата победа Перуанците дојдоа со два гола во првиот гол. Стрелци беа Флорес и Јотун, а асистент Карилјо. Во последната минута ветеранот Гереро стави точка на победата.

Чиле не успеа да постигне почесен гол, откако голманот Галјес успеа да му одбрани пенал на Варгас.

Перу во финалето ќе игра против домаќинот Бразил, в недела од 22 часот. Бразил во фазата по групи славеше убедливо против Перу со 5-0.