Пандемијата досега го чини Манчестер Ј. околу 31 милион евра

44

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед соопшти дека пандемијата на коронавирусот досега го чини 28 милиони фунти (околу 31 милион евра) и дека очекува конечната бројка да биде многу поголема, пишува „Би-би-си“. Манчестер јунајтед ги објави своите финансиски резултати во третиот квартал (до 31 март), а главниот финансиски службеник на клубот Клиф Бати изјави дека од тие 28 милиони фунти, 20 милиони фунти (околу 22 милиони евра) се наменети за враќање на дел од приходите за ТВ-права, дури и ако сезоната во Премиер-лигата биде комплетирана, пишува „Би-би-си“.

Клубот загуби и дополнителни осум милиони фунти (околу 8,9 милиони евра) во последните три недели од март, кога беа одложени три меча. Приходите на кварталот паднале за 18,7 отсто, односно на 123,7 милиони фунти (околу 138 милиони евра), а долгот на клубот се зголемил од 124,4 милиони на 429,1 милиони фунти (околу 479 милиони евра), пишува „Би-би-си“.

Со откажаните мечеви, вклучувајќи ги и натпреварите во Лигата на Европа (ЛЕ) и ФА-купот, Бати рече дека влијание има и тоа што уште е затворена клупската продавница на стадионот „Олд трафорд“. Ова уште повеќе ќе влијае на клубот ако сезоната се доигра без публика.
– Сепак, нашиот клуб е изграден на здрава основа. Остануваме оптимисти во врска со долгорочните перспективи на клубот – вели извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд.