Олимпијакос ги казни фудбалерите со 400 илјади евра и го распушти тимот

498

Сопственикот на грчкиот фудбалски клуб Олимпијакос Евангелос Маринакис ги казни фудбалерите со околу 400.000 евра, по што го распушти тимот и до крајот на првенството ќе настапува со младинската екипа.

– Одете слободно на одмор. Паметот ви е само во скапи куќи и автомобили. Потрошив многу пари, сменив три тренери и повторно друг ви е виновен – им порача сопственикот на фудбалерите.

Маринакис најави дека парите од казната ќе ги пренасочи во млади фудбалери со цел градење нов тим во кој ќе играат оние кои го сакаат Олимпијакос.

На четири кола пред крајот на грчкиот шампионат Олимпијакос е на третото место зад лидерот АЕК.