Оливер Кан е главен кандидат за претседател на Баерн

76

Легендата на Баерн Минхен, Оливер Кан е фаворит да го наследи Ули Хенес како претседател на баварците, тврди „Билд“. Хенес најави дека ќе ја напушти функцијата откако ќе донесе одлука генералното собрание на клубот, кое ќе се одржи на 30 ноември.

Четириесет и девет годишниот Кан помина поголем дел од својата кариера во Баерн, откако одигра 632 натпревара за 14 години. Поранешниот голман е во одлични односи со Хенес и често одржуваат разговори за иднината на клубот.

Голем дел од раководството на баварците е уверено дека токму Кан е вистинската личност да раководи со германскиот гигант.