Од 23 пенали, реализирани се 16

59

Пеналот на Јосип Иличиќ од Словенија на мечот од квалификациите за пласман на фудбалското Европско првенство во 2020 година беше 23-от пенал досуден против Македонија. Досега противниците на македонската селекција реализираа 16 пенали од тие 23. Словенија, пак, е шестата репрезентација што извела два пенала против Македонија (еден нереализиран), откако претходно по два вакви удара изведоа репрезентативците на Азербејџан, Канада, Велс, Полска и на Украина (вкупно пет реализирани).