Од јуни до октомври скок од пет места на листата на ФИФА?

53

Македонската репрезентација се очекува да напредува за едно место, на 68-то скалило, на новата ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), откако по октомвриските два меча од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година освои 5,4 поени, според специјализираните интернет-страници за пресметка на поени за листата на ФИФА. Според тие податоци, за триумфот над Словенија црвено-жолтите освоија 13,72 поени, а загубија 8,28 по поразот од Полска.
Македонија на листата на ФИФА за септември беше на 69-то, во јули беше на 71-то, во јуни на 73-то, во април на 68-то, во февруари на 71-то место итн. Според пресметките, на врвот на листата се очекува да нема промени до третото место, па треба да води Белгија, пред Франција и Бразил.