Од тимовите од најсилната „петка“ само ПСЖ гази

70

Францускиот фудбалски првак ПСЖ е единствениот тим од најсилните пет првенства во Европа (Франција, Англија, Италија, Шпанија и Германија) што сезонава уште нема загубено ниту еден бод. ПСЖ во десетте кола забележа 10 победи и води со осум бода повеќе од второпласираниот Лил.

На оваа необична листа втор е италијанскиот Јувентус, кој викендов првпат не победи сезонава (1-1 дома со Џенова), па сега по девет кола има осум победи и едно реми и води со четири бода повеќе од второпласираниот Наполи. Во Германија прва е Борусија Дортмунд со шест победи и две нерешени и има три бода повеќе од второпласираниот Вердер. Во Англија по девет кола има најмногу непоразени, дури три тима, а од нив во водство е Манчестер сити со седум победи и две ремија, колку што има и Ливерпул, но со послаба гол-разлика, а Челси е трет со шест победи и три нерешени средби. Во Шпанија, пак, е најизрамнето, и нема тим без пораз. По девет кола води Барселона со 18 бода.