Одложената сезона во кинеската Суперлига ќе почне на 25 јули

19

Кинеската Суперлига во фудбал ќе почне на 25 јули, по одложувањето од речиси пет месеци, соопшти Фудбалската асоцијација на Кина (КФА), пренесува „Ројтерс“. Лигата првично требаше да почне на 22 февруари, но беше одложена на неодредено време поради ширењето на коронавирусот. Кинеските медиуми објавија дека тимовите ќе треба да пристигнат во двата спортски центра – Сужу во близината на Шангај и Далијан на североистокот на Кина, до 21 јули.

Титулата ќе ја брани Гвангжу Евергранде, чиј тренер е Италијанецот Фабио Канаваро. Тимовите во двата центра ќе играат меѓу себе, а по четири најдобри од секоја група ќе се квалификуваат за осумтимската првенствена фаза за титулата. КФА објави дека ќе има два преодни рока, во јули и во септември.