Одлично СП – „нулите“ уште ги нема

70

И по 29 меча на Светското првенство (СП) во фудбал во Русија, до мечевите во саботата, ниту еден не заврши со најнепопуларниот резултат, 0-0. Најблиску до таков резултат беа 10 меча на кои резултатот беше 1-0. Последно СП без резултат 0-0 беше тоа во 1954 година во Швајцарија. И на четирите мундијали пред тоа, во 1930, 1934, 1938 и во 1950 година немаше нерешени исходи без голови.
Првото реми 0-0 на светските шампионати се случи на СП 1958 година, кога Бразил и Англија не ја затресоа мрежата на меѓусебниот меч. Од тоа СП на секое имало најмалку по две ремија без голови, а најмногу по седум, и тоа на мундијалите во 1982, 2006, 2010 и во 2014 година.