Мурињо се согласи да плати казна на шпанските даночници

66

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, постигна договор со даночната служба на Шпанија, која го товареше за затајување данок.

Како што е наведено во „Ел Мундо Депортиво“ Португалецот е обвинет за финансиска измама извршена во 2011 и 2012 година, кога го предводеше Реал Мадрид.

Според изворот, Мурињо признал прекршоци и се согласил да плати парична казна од 670 илјади евра.

По ова се очекува случајот против португалскиот тренер да биде затворен и со тоа тој избегна евентуална затворска казна.