Мурињо не му дава шанси за изненадување на поранешниот клуб

140

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо смета дека Јувентус и Барселона се фаворити за освојување на Лигата на шампионите сезонава.

Мурињо во моментов нема тим, откако во декември доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Токму неговиот поранешен тим од „Олд Трафорд“ е ривал на Барселона во четврт-финалето, а Јуве се среќава со Ајакс.

Другите две двојки се Тотенхем – Манчестер сити и Ливерпул – Порто.

– Фаворит во Лигата на Шампионите? Би рекол Јувентус и Барселона. Сите зборуваат за Роналдо и Меси, но јас сакам да зборувам за Јувентус и Барселона. Англиските клубови, Порто и Ајакс – тоа се добри тимови, но немаат толку искуство. А кога располагате со Роналдо и Меси – тоа е голем плус – прокоментира Мурињо.