Мурињо добива над 100 милиони фунти за засилувања

160

Раководството на Манчестер Јунајтед му одобри повеќе од 100 милиони фунти на тренерот Жозе Мурињо за нови играчи во зимскиот трансфер прозорец.

Како што се наведува во информацијата објавена од „Гардијан“, португалскиот стручњак сака да ангажира централен дефанзивец и напаѓач.

Минатото лето, Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за одбранбените фудбалери Рафаел Варан, и Жером Боатенг.

Мурињо во 2016 година потпиша договор со Јунајтед до 2019 година.

Оваа сезона во неколку наврати се шпекулираше за предвремено заминување на Португалецот од „Олд Трафорд“ поради неисполнувањето на неговите барања за засилувања.